Магазинот Motor1.com објави детална анализа за продажбата на нови автомобили ширум светот.

Изминатата година автомобилските пазари ширум светот ја одбележаа големи доцнења, недостиг на автомобили, но и инфлација и значително зголемување на цените. Ова предизвика послаби продажни резултати, но забележливи се и некои знаци на закрепнување

Така, Кина и понатаму е најголемиот светски автомобилски пазар, а минатата година била доста добра со оглед на глобалните предизвици. Количината на продадени автомобили е зголемена за 2 отсто или вкупно 26,86 милиони автомобили, во споредба со 2021 година. Овој резултат е уште подобар од 2019 година, пред пандемијата. Голем дел од растот е поттикнат од електричните возила, кои имаат силен поттик од централната влада. Според прелиминарните податоци, овие возила учествувале со 20 проценти од вкупната продажба, а Wuling Hongguang Mini EV е во првите три најпродавани модели, додека BYD Song Plus е на врвот на листата со продадени 459.424 примероци.

Најпродаваните модели во Кина за 2022 година

Втор по големина пазар бил оној на САД, кои бил повеќе изложен на инфлациски притисоци и на раст на каматните стапки. Продажбата на возила изнесува вкупно 13,83 милиони автомобили, што е за 8 отсто помалку од 2021 година и на најниско ниво од 2012 година. И покрај негативните резултати, купувачите продолжиле да се префрлаат од седани и мини комбиња кон теренци и пикапи, а Tesla продолжува со растот на својот удел во пазарот. Сепак, електричните автомобили сè уште сочинуваат мал дел од вкупниот број, при што Ford F-Series го држи првото место со 653.957 единици, следен од Chevrolet Silverado на второто и RAM пикапот на третото место.

Најпродаваните модели во САД за 2022 година

Во Европа ситуацијата е слична на онаа во САД. Податоците за четирите најголеми пазари (Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија), кои сочинуваат околу 75 отсто од целиот регион, покажуваат дека падот на пазарот не запира. Во 2022 година, продажбата изнесувала 9,05 милиони автомобили, што е за 6 отсто помалку од 2021 година. Обемот е намален за 7 отсто во споредба со годината на пандемијата (2020) и 29 отсто во споредба со 2019 година. Во Германија, Volkswagen повторно е на врвот со три автомобили позиционирани на првите три места на подиумот. Во Франција, доминацијата на Renault Group е прекината со нов победник во продажбата. Peugeot 208 е продаден во 88.812 примероци.

Најпродаваните модели во Германија за 2022 година

Најпродаваните модели во Франција за 2022 година

За четири години, пазарот изгубил повеќе од 3,7 милиони продадени автомобили. Состојбата е практично иста во пет земји. Франција и Италија забележале најголем пад во споредба со 2021 година, додека германскиот пазар останал стабилен. Сепак, сите тие забележале двоцифрен пад во периодот од 2019 до 2022 година. Недостигот на нови автомобили во салоните и зголемените трошоци за живот, делумно поради енергетската криза, ја објаснуваат критичната состојба. Конечно, интересна е ситуацијата во Шпанија, каде Hyundai Tucson е на првото место со вкупно 21.985 продадени примероци, а потоа следат Dacia Sandero на второто и Seat Arona на третото место.

Најпродаваните модели во Италија за 2022 година

Најпродаваните модели во Шпанија за 2022 година

Најпродаваните модели во Велика Британија за 2022 година

За разлика од Америка и Европа, ситуацијата во Австралија, Индија, Индонезија и Турција е доста добра. Не само што обемот на пазарот се зголемил меѓу 2021 и 2022 година, туку тој бил поголем споредено со претходните две-три години. Австралија, особено, бележи триумф на возилата со погон на сите тркала. На прво место е Toyota Hilux со вкупно 64.391 продадени примероци, следен од Ford Ranger (47.479) и Toyota RAV4 (34.845).

Најпродаваните модели во Австралија за 2022 година

Најпродаваните модели во Индија и Индонезија за 2022 година

Најпродаваните модели во Турција за 2022 година

Најпродаваните модели во Русија за 2022 година

Најпродаваните модели во Бразил и Аргентина за 2022 година