Регион

Србија: Меѓугодишната инфлација во февруари изнесува 5,6 отсто

12 мар 2024

Меѓугодишната инфлација во Србија во февруари годинава изнесувала 5,6 отсто, а месечната 0,6 отсто, објави денеска републичкиот Завод за статистика.

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка според кои се мери инфлацијата, во февруари во споредба со декември 2023 година, во просек биле зголемени за 0,9 отсто.

 Во однос на претходниот месец, во февруари раст на цените бил забележан во групата „алкохолни пијалаци и тутун“ ( 2 отсто), транспорт (1,9 отсто), ресторани и хотели ( 1 отсто), храна и безалкохолни пијалаци и здравје ( за по 0,4 отсто) и во групите „домување,“ „вода, електрична енергија, гас и остатанти горива“, „опрема за стан и тековно одржување“ ( за по 2 отсто).

 Поевтинување има кај облеката и обувките (1,1 отсто) и комуникациите ( 0,1 отсто)

 Извор: „Бета“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...