ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2024
Бујар Османи од ДУИ вели дека не може да има Влада без двојно мнозинство, односно парламентарното од 61 пратеник, плус Бадентерово, а ваквите тврдења ги темелеше на Охридскиот рамковен договор.
„Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет? Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира Владата. Затоа има две мнозинства со Рамковниот договор. Тие што ги исполнуваат двете мнозинства, формираат Влада. Не може да се формира Влада без Бадентерово мнозинство“, вели Османи.
Рече дека е навредливо прашањето што доколку се формира влада со 61 пратеник, а без ДУИ.