Стејт департмент: Заканата од терористички напади во Македонија е „просечно висока“

Како „просечно висока" или средна, Стејт департментот ја оцени Заканата од терористички напади во Македонија во време кога членовите на терористичката формација Исламска држава и симпатизери се присутни во земјата.

Според Стејт Департментот главниот контратерористички проблем на Македонија во 2021 година беа враќањата на странските борци од Сирија и Ирак. Податоците говорат дека во Македонија, како и во Србија, Косово, Албанија и Грција, во 2021 година не се случиле терористички инциденти.

Сепак враќањето на странските терористички борци во земјава претставува проблем, бидејки овие лица може да реализираат насилни екстремистички ќелии, планови за напад и да радикализираат други лица.

Безбедносниот експерт Љубомир Ѓурчевски вели дека овие податоци не се изнедување, бидејќи Македонија веќе подолго време за справува и со теростичките дојава за бомби за кои се уште државата нема решение.

Околу 143 граѓани на Македонија во изминативе неколку години патувале за Сирија, Ирак или во двете земји да се вклучат во терористички групи. Од нив, 133 лица се мажи, десет се жени, 38 биле убиени, 79 се вратени, петмина се верува дека останале во Сирија и двајца се во затвор во бегалски камп. Додека, пак, 16 лица, 11 мажи и пет жени, се репатрирани, а тројца биле депортирани од други земји.

Во јули 2021 година владата репатрирала четири странски терористистички борци и 19 членови на семејствата. Ѓурчевски вели дека за Македонија да се заштити од повратниците од боиштата на блискиот исток треба поголема ангажираност од институциите, иако според него основното досега е направено.

Македонија е дел од институциите за борба со финансискиот тероризам. Донесен е нов закон за запирање на перењето на пари и финансирање на тероризмот. Земјата исто така е вклучена во борбата со насилниот екстремизам и во 2021 година продолжила со соработка со останатите земји од Западен Балкан за борба со тероризмот.