НА АУКЦИЈА РЕКВИЗИТИ И КОСТИМИ ОД ХИТ-СЕРИЈАТА „СЛЕДОРЕД“

Њујорк, (Њуз 5)

Стотици реквизити, декор и други сувенири користени за време на снимањето на хит-драмата на Ejч-Би-О, „Следоред“ (Succession) се на аукција.

Аукциската куќа „Херитиџ“ од Тексас ги објави предметите за онлајн наддавање кое ќе трае до 13 јануари.

На аукција се работи како кучешкиот костум што го носи ликот Грег во првата сезона, лажните кредитни картички и лиценцата на Кендал Рој, лажната насловна страна на списанието „Њујорк“ од првата сезона со семејството Рој, како и забелешките на Роман Рој од говорот на погребот на неговиот татко од последната сезона.

Покрај реквизитите, на продажба има и многу парчиња облека, вклучувајќи костуми и други облеки што ги носат браќата Рој, од кои некои се од брендови како „Прада“ и „Ив Сен Лоран“. На аукцијата, исто така, се понудени различни предмети за декор и мебел што се користат во куќите.

Наградуваната серија заврши во мај 2023 по четири сезони. Во 2023доби најмногу номинации за Еми од која било телевизиска серија и постави рекорд за три номинации за најдобар актер во категоријата драма.