Кина: Хамас и Фатах договорија продолжување на дијалогот за помирување

Ривалските палестински групи Хамас и Фатах покажаа политичка волја да ги продолжат преговорите за помирување во екот на војната во Газа, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Преговорите се водеа во Пекинг.

Двете фракции не успеаја да ги решат политичките спорови откако борците на Хамас го протераа Фатах од Појасот Газа во кратката војна во 2007 година, јавија светските агенции..

„Тие се согласија да продолжат со преговорите за да се постигне палестинска солидарност и единство што е можно поскоро“, изјави портпаролот на кинеското министерство Лин Џијан за новинарите на редовниот брифинг.

Лин додаде дека двете страни му се заблагодариле на Пекинг за неговите напори за „промовирање на палестинското внатрешното единство и постигнале договор за продолжување на дијалогот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот