Кривични пријави за функционери во Охрид

Министерството за внатрешни работи, односно СВР Охрид, поднесе кривична пријава за Саше Најдески, ВД директор на Комуналец Охрид и близок соработник на Пецаков. Против него и уште други три лица е поднесена кривична за злоупотреба на службена положба и овластување, во врска со набавката на половен багер од фирмата на Нефи Усеини.

Вчера СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лицата С.Н.(38), С.М( 56) И.О (51) и Т.Р (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 од КЗ ” и “Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” чл.275-в од КЗ.

С.Н. во својство на вд. директор на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид и С.М, И.О и Т.Р во својство на членови на комисијата за јавни набавки со злоупотреба и пречекорување на дадените службени овластувања иако знаеле дека ценат на единствената понуда за набавка на работна машина – булдужер е повеќекратно ( до 5 пати) повисока од пазарната вредност на истата, на ден 17.01.2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице “НЕФИ ИК” ДООЕЛ Охрид со што го оштетиле буџетот на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид за сума од 3.304.000,00 денари.