Стоилковска ќе игра за финале на турнирот во двојки во Србија

Магдалена Стоилковска/фото: mtftennis.mk

Магдалена Стоилковска заедно со Русинката Екатерина Козлонова изборија пласман во полуфиналето на фјучрс тенискиот турнир во Куршумлијска Бања, Србија во конкуренција на двојки.

Македонско-руската комбинација во денешниот меч од второто коло забележаа победа од 2:1 во сетови (6:1, 0:6, 10-5 на поени) против Грете Гул и Ана Марија Тоттруп од Естонија за 56 минути игра.

Стоилковска и Козлонова го добија првиот сет со сигурни 6:1 во гемови, но во вториот сет беа убедливо надиграни и не освоија ниту еден гем.

Во решавачкиот сет на поени беше 10:5 за Стоилковска и Козлонова, кои клучната предност ја направија откако поведоа со 7:0 на поени.

В петок во полуфиналето противнички ќе им бидат вторите носителки Теа Лукиќ од Германија и Наталија Сениќ од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот