logo
logo
logo

Неверојатно: Поради домашните миленичиња ќе му пропадне трансферот вреден 45 милиони евра!

Vecer | 23.07.2023

Неверојатно: Поради домашните миленичиња ќе му пропадне трансферот вреден 45 милиони евра!

Бразилецот Фабињо, посака кариерата да ја продолжи во С. Арабија, едноставно да си направи трансфер од Ливерпул во Ал Итихад и тоа за 45 милиони евра. Секако дека за ова дозвола даде и Јирген Клоп, и кога се чинеше дека се е готово, дека трансферот може да се официјализира, дојде до неочекуван проблем.

Имено Фабињо има два француски булдози, две кучиња кои му се домашни миленичиња. Тој не сака да се одвои од нив, посакува да ги земе со себе во С. Арабија, ама законите на таа држава велат дека не смее да се внесат кучиња како питбули, булдози, ротвајлери и слично.

И сега Фабињо е на потег…кучињата или трансферот?


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk