Малума организираше спектакуларна забава за својот 30-ти роденден.
Славниот пејач пристигна на прославата облечен во елегантно црно одело, а за рака ја водеше својата сакана Сузана Гомез. Таа го истакна трудничкото стомаче во долг златен фустан.

Сузана носеше златни обувки на високи потпетици, кои Малума, како вистински џентлмен, ѝ помогна да ги обуе.

Малума и Сузана се заедно од август 2020 година и го очекуваат нивното прво дете, кое треба да се роди наскоро.













