Германски пратеник: Да се условува членството на Косово во Советот на Европа е голема грешка

Thomas Hacker
Thomas Hacker

Германскиот пратеник Томас Хакер смета дека условувањето на членството на Косово во Советот на Европа со спроведување на договорот за формирање на Заедницата на општините со српско мнозинство е грешка, пренесува „Аlbanian post“.

„Се чини дека некои западни земји не научија од грешките од минатото“, напиша тој на социјалната платформа, „X“.

Германија и Франција побараа Косово да преземе суштински чекор во однос на формирањето на Заедницата – барем да го испрати нацрт-статутот на овој механизам до Уставниот суд на разгледување – кога е во прашање членството на Косово во Советот на Европа.

Канцеларот на Германија, Олаф Шолц, во понеделникот во телефонски разговор со премиерот на Косово, Албин Курти, побарал конкретни чекори кон формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство. Кога Косово ќе влезе во Советот на Европа е знак прашање.

„Канцеларот го поздрави спроведувањето на одлуката на Уставниот суд на Косово за Дечанскиот манастир. Тој ја подвлече важноста на конкретните чекори кон формирање на Заедница на општини со српско мнозинство од страна на косовските власти, се наведува во соопштението на канцеларијата на Шолц.

Курти пред две недели имаше телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

За време на разговорот, Макрон, поздравувајќи го Курти за спроведувањето на одлуката на Уставниот суд за манастирот Дечан, го подвлече значењето што Франција го придава на имплементацијата на формирањето Заедницана српски општини, особено во контекст на членството на Косово во Советот на Европа.

„Претседателот на Републиката го поздрави спроведувањето на одлуката на Уставниот суд за Дечанскиот манастир. Сепак, тој ја подвлече важноста што Франција ја придава, дури и во контекст на апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа, на брзиот и неповратен напредок во спроведувањето од страна на косовските власти на Заедницата на општини со српско мнозинство“, се вели во соопштението на Елисејската палата.

Инаку, дел од медиумите повикувајќи се на дипломатски извори, објавија дека Франција побарала одложување на одлуката за членство на Косово во Советот на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот