Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

На 05.03.2024 околу 22.00 часот на подрачје на Карпош, пред зградата во кој времено престојува Ф.П., од слобода бил лишен Д.П., при што кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По преземени мерки и активности, 5-ти и 6 март во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Ф.П.(29), Д.Д.(32) и Д.П.(25), сите од Скопје, за кои постои сомнение дека се дилери на дрога.

-На 05.03.2024 околу 22.00 часот на подрачје на Карпош, пред зградата во кој времено престојува Ф.П., од слобода бил лишен Д.П., при што кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Подоцна, при претрес во станот кој го користи Ф.П., извршен со судска наредба, тој бил затекнат како со Д.Д. пакуваат марихуана. Притоа, биле пронајдени 78 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, пари и други предмети со остатоци од наркотична дрога, се вели во денешното соопштение од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

Лукаревска: И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе

И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, за сигурна и безбедна иднина.

“Денеска е 27 април, точно седум години од "крвавиот четврток" во македонското собрание.

Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена. Сите големи успеси на СДСМ и на сите прогресивни граѓани имаат висока цена, ама вредеше, некои работи не смеат да се заборават, за да не се повторат. Затоа ние остануваме со граѓаните, со сите вас кои што верувате во единствениот исправен пат за државата, во членството во Европската Унија како најцврста гаранција за сигурна и безбедна иднина. Само заедно можеме да ја оствариме таа цел, зашто е наша, заедничка”, изјави носителката во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ е голема, силна партија, која што секогаш донесувала правилни одлуки за сигурна иднина на државата.

“Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал- демократски вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, без поделби и раздор, без крвави сценарија. Ние веруваме во заедничка, подобра, европска иднина за сите граѓани. И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од нашите вредности, ги браневме и ќе продолжиме со истата посветеност, за нас нема друг пат. Да продолжиме заедно, да покажеме одлучност, можеме, како и пред седум години, заедно со сите прогресивни граѓани за сигурна и безбедна иднина”.

изјава од носителот на ИЕ3 Сања Лукаревска

притисни ентер