Регион

Словенија: „Звијезда“ и „ПИК Врбовец“ освоија награда за „Избран производ на годината“

19 мар 2024

„Звијезда“  и „ПИК Врбовец“ во Словенија го добија признанието „Избран производи на годината“ ( Избран производ на летото), објави „Фортенава група“ на својот профил на „Линкедин“.

 Наградата која ја доби „Звијезда“ е за кечапот без додаден шеќер, додека обете компании добија награда за заедничкиот проект – хот дог со намаз од брендот Planet of Plants.

Со линијата производи Planet of Plants, која е резултат на успешната соработка на „ПИК Врбовец“ и „Звијезда“, на потрошувачите во Хрватска, Словенија и пошироко им понудивме најголема линија на производи од растително потекло, со што остануваме во чекор со најновите трендови во прехранбената индустрија. Показател за квалитетот на овие производи всушност е прифатеноста на производот од страна на потрошувачите, кои во Словенија ни  ја доделија титулата во најдобрата категорија, изјави Горан Радиќ, директор на подружницата на „ПИК Врбовец“ во Словенија.

 Наградите се доделени во како дел од глобалната франшиза „Продукт оф јеар“ која е присутна во 45 држави во светот, а испитувањето на потрошувачите кои ги изгласале производите на добитниците било спроведено до „Ниелсен“  

 

 

Извор/Фото: „Фортенова група“/Линкедин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...