Писмото на „еден папучар“ – човекот кој очигледно неизмерно ја сака и почитува својата сопруга, се прошири на интернет и доби многу пофалби и одобрувања. Секако, како и во секоја приказна, има и критичари кои веруваат дека на жената местото ѝ е покрај мијалникот. Не се споменува кој е човекот, ниту каде живее, но неговото писмо се појави на многу портали. Еве како тој гледа на врската и односот со сопругата, а многу мажи би требало да се угледаат на него.

– Еден мој пријател дојде кај мене на кафе, седнавме и разговаравме за животот… „Ќе ги измијам чиниите што останаа во мијалникот за секунда“, му реков. Ме погледна како да сум му кажал дека отидов да конструирам вселенски брод. Ми рече, восхитувајќи ми се, но малку збунето: „Добро што ѝ помагаш на жена ти, кога јас го правам тоа, мојата сопруга не го цени. Еден ден го избришав подот, не добив ниту благодарам“.

Се вратив да седнам со него и му објаснив дека не ѝ помагам на жена ми. „На мојата сопруга не ѝ треба помош, ѝ треба партнер“.

Јас сум партнер во куќата и поради тоа партнерство задачите се поделени, но секако не се работи за помагање во куќата. Не ѝ помагам на жена ми да ја исчисти куќата, тоа го правам затоа што и јас живеам таму, па морам и јас да чистам. Не ѝ помагам на жена ми да готви, бидејќи и јас сакам да јадам, па морам и да готвам.

Не ѝ помагам на жена ми да ги мие садовите по јадење затоа што сам ги користев тие садови. Не ѝ помагам на сопругата околу децата, бидејќи тие се и мои деца, а мојата улога е да бидам татко и родител. Не ѝ помагам на жена ми да ги пружа и пегла алиштата, бидејќи тоа е моја и облека на моите деца.

Јас не сум помошник во куќата, јас сум дел од куќата

А што се однесува до благодарноста, го прашав кога последен пат, откако неговата сопруга завршила со чистење на домот, перење, менување чаршафи на креветот, капење на децата, готвење, организирање и слично, тој ѝ рекол „благодарам“? Но, „благодарам“ од типот: „Леле! Жено моја! Фантастична си!“

Дали ти звучи апсурдно? Дали ти изгледа чудно? А кога еднаш во 100 години ти си го исчистил подот, си очекувал минимална награда за извонредност, со многу слава. Зошто? Дали некогаш си размислувал за тоа, пријателе?

Можеби затоа што според тебе сето тоа е нејзина обврска? Можеби затоа што си навикнат сето тоа да го прави таа, без ти да мрднеш со прст? Затоа, цени како што би сакал и тебе да те ценат, на ист начин и со ист интензитет.

Подај рака, однесувај се како вистински партнер, а не како гостин кој дошол само да јаде, да спие и да се измие…

Чувствувај се како дома во својата куќа.

Извор



912

X