logo
logo
logo

Без победник на градското дерби: Бетис и Севиља ремизираа!

Vecer | 28.04.2024

Без победник на градското дерби: Бетис и Севиља ремизираа!

Без победник на градското дерби меѓу Бетис и Севиља (1-1) во рамките на 33. коло во Ла Лига.

Бетис поведе во 38. минута, Иско беше прецизен од белата точка, откако Лукебаки играше со рака. Израмнувањето дојде во 56. минута од натпреварот. Кике Салас, кој влезе во игра само три минути претходно, постигна гол.

Две минути подоцна, судијата покажува на белата точка, по стартот на Баде повторно досуди пенал за Бетис, но одлуката е сменета по консултација со ВАР.

Бетис вечерва беше подобар ривал во дербито на Севиља, но без победа за нив, па Сосиедад сега е два бода погоре на шестото место, Севиља, пак, ја прекина серијата од три победи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk