Свет

Европската комисија отвори истрага против „Алиекспрес“

15 мар 2024

На 14 март, Европската комисија (ЕК) отвори истрага против „Алиекспрес“ за можни прекршувања на правилата на ЕУ за небезбедни производи и заштита на децата.

Комисијата ги истражува наводите дека интеренет платформата за трговија која е  во кинеска сопственост не успева адекватно да управува со ризикот од продажба на опасни материи, како што се лажните лекови и храна.Извршната власт на ЕУ, исто така, ја истражува можноста дека „Алиеспрес“ не прави доволно за да ги спречи децата да пристапат до порнографски материјали, соопштуваат од ЕК.

Истрагата се однесува на потенцијални прекршувања на Законот за дигитални услуги (ДСА), со кој се  регулираат големите онлајн платформи. Законот пропишува управување со различни ризици на платформите, вклучувајќи го и ризикот од ширење нелегална содржина и ризикот од штета на потрошувачите, особено на малолетниците.

Ако на крајот се утврди дека „Алиекспрес“ги прекршил правилата за намаување  на ризикот на ДСА, може да се соочи со казни до 6 отсто од својот глобален годишен приход.

Извор: dpa

Фото: Принтскрин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...