Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека тековната сезона може да се смета за неуспешна за „граѓаните“, без оглед на резултатите на тимот во ФА Купот.
- Секако дека би било убаво да се дојде до финалето на ФА Купот и да се освои, како и да избориме учество во Лигата на шампионите. Јас сум скоро сигурен дека овие две нешта ќе се гледаат како голем успех сега, но генерално ние имаме лоша сезона и ништо нема да го смени тоа. Бевме лоши во однос на нашите стандарди.
Тимот на Гвардиола се наоѓа на петтото место во Премиер лигата со 48 бодови во 29 кола.