КЛ: Фиорентина патува во Словенија, полски ривали за Челзи и Бетис

Главните фаворити Челзи, Фиорентина и Бетис се пласираа во четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА. Ако Челзи имаше само рутинска задача, италијанскиот и шпанскиот претставник одиграа далеку подобар реванш и се „чекираа“ во четвртфиналето.

Четвртфинале:
Бетис - Јагјелонија
Целје - Фиорентина
Челзи - Легија
Ѓургарден - Рапид Виена

Натпреварите од четвртфиналето се играат на 10 и 17 април. Финалето на ова натпреварување се игра во Вроцлав на крајот од месец мај.