[ФОТО] Ријана се погрижи да биде во центарот на вниманието во Њујорк по нејзиното мистериозно отсуство од Мет Галата

Точка

14/05/2024

13:31

6.959

Големина на фонт

а а а

Ријана ги привлече погледите во Њујорк појавувајќи се во црвен фустан со висок изрез од страна, само неколку дена по нејзиното мистериозно отсуство од Мет Галата.

Пејачката била снимена оваа недела во текот на едно излегување со партнерот АСАП Роки во Њујорк и се погрижила да биде во центарот на вниманието, носејќи црвена модна комбинација.

Ријана се одлучила за црвена маичка „Comme des Garçons“, на која со бели букви е испишано името на модната куќа, која ја носела преку црвениот фустан со висок изрез од страна.

Аутфитот го надополнила со црвени проѕирни ракавици, очила и црна „Gucci“ чанта.


Основачката на брендот „Fenty Beauty“ ги задржала русите прамени кои ги покажа претходно овој месец, а косата ја носела пуштена да ѝ паѓа преку рамената.

Ријана и АСАП го поминале Денот на мајката заедно со нивните две деца, РЗА (2) и Рајот, кој се роди минатата година.

Пејачката претходно ги разочара обожавателите со тоа што не присуствуваше на Мет Галата. Се очекуваше таа да се врати на престижниот моден настан минатата недела, но беше отсутна. Според наводите на повеќе медиуми, таа го пропуштила настанот бидејќи се разболела.




Спонзорирани линкови

Маркетинг