Кривично ќе се гони млад маж од Кочани, предизвикал инцидент пред казно

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З.(24) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „тешка телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.

На 21.01.2024 пред казино во Кочани, по претходна меѓусебна физичка пресметка, пријавениот со нож му упатил закани на Љ.Л., по што физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди, додека на полициски службеник му упатил закани.