Како настанал брендот „Gucci“? Од сиромаштија и работа во хотел - еден човек основал модна империја

Точка

26/03/2024

16:10

5.744

Големина на фонт

а а а

Основач на брендот „Gucci“ е Гучио Гучи, Италијанец кој амбициозно работел за да ги исполни своите соништа за успех.

Денес, модната куќа „Gucci“ е синоним за квалитет, стил и луксуз, а води потекло уште од почетокот на 20-от век. Основач бил Гучио Гучи, италијански бизнисмен и моден дизајнер, син на италијански трговец роден на 26-ти март 1881 година во Фиренца.

Тој ја напуштил Фиренца на 17 години со цел да патува и да ги усоврши своите вештини, а неговата крајна дестинација била Лондон, каде што ја добил својата прва работа во хотелот „Savoy“. На почетокот на кариерата тој бил и мијач на садови, келнер, консиерж... Сепак, сите тие работни места биле само отскочна штица на неговиот пат кон она во што станал најдобар: модата.


Всушност, уште во хотелот, возејќи ги во лифт, Гучио запознал многу познати ѕвезди како Френк Синатра, Мерлин Монро, Винстон Черчил, Клод Моне и стекнал врски и контакти. Ја набљудувал нивната облека, стил, аксесоари, накит, манири, навики... И сето тоа го усвоил!

Во 1901 година, Гучио ја запознал Аида Калвели, тогаш 24-годишна кројачка и ќерка на кројач, а една година подоцна го добиле своето прво дете, ќерката Грималда. Имале уште 4 сина: Енцо, Алдо, Васко и Родолфо.


Можеби најамбициозен бил Алдо Гучи, кој додека работел за својот татко, ја дизајнирал првата верзија на познатото лого на куќата „Gucci“, познатото двојно „G“ инспирирано од иницијалите на неговиот татко.

Целата заштеда што ја стекнал со работата во хотелот, Гучио ја вложил во својот бизнис. Се вратил во Фиренца, каде ја отворил својата продавница, надевајќи се дека ќе привлече ексклузивна клиентела, а неговиот бизнис само се ширел. Елитата го препознала брендот „Gucci“ и сè тргнало по нагорна линија. Во 1938 година, Алдо го натерал Гучио да отвори продавница и во Рим, а како што стареел татко му, тој преземал сè поголема одговорност.

Во 1952 година, патувајќи во Њујорк со браќата Родолфо и Васко, со помош на американски адвокати, семејството Гучи се проширило на американскиот пазар. Гучио Гучи почина во својот дом во Фиренца на 72-годишна возраст. Компанијата беше поделена меѓу трите сина на Гучи (најстариот, Енцо, починал во детството).

Брендот „Gucci“ стана синоним за елеганција и префинетост во џет-сетот, а го обожаваа најпознатите и најдобро облечените ѕвезди, како принцезата од Монако, Грејс Кели, и Џеки Кенеди, сопругата на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди , која ја носеше култната чанта позната и како чантата „Џеки О.“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг