Почна пријавувањето на болните и изнемоштени лица за предвремено гласање

Ноќеска на полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштени лица кои сакаат да гласаат за првиот круг на претседателските избори закажани на 24 април.   

Според роковникот на ДИК, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април до 24:00 часот.

Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите.

- Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор надлежен за спроведување на гласањето за избирачкото место каде припаѓаат овие лица, на 23 април (вторник), 

Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април. Ова ќе бидат 7 ми по ред претседателски избори на кои во првиот круг изборниот процес го трчаат 7 кандидати . Исто толку кандидати имаше и во 2009 та . 

Претседател може да биде лице кое на „денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот“. Мандатот на претседателот е пет години и едно лице може да биде избрано за оваа функција најмногу два пати.

Според законодавството кандидатот за претседател можел да победи во прв круг доколку освоел над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Доколку ова не се случи, се одржува втор круг на избори, во кој се натпреваруваат двата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.

Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

Претстојните претседателски избори треба да се одржат на 24 април прв круг и на 8 мај втор круг кога ќе се гласа и на парламентарни избори.