На едните им избегал затвореник, другите наместо на работа „лудувале“ во кафана: Дисциплинска постапка против затворски полицајци

Двајцата затворски полицајци на кои пред неколку дена им побегна затвореник со штраф во колкот од одделот за ортопедија на Клиничка Болница – Штип се суспендирани  се до донесување на правосилна одлука.

Директорот  на Затвор-Штип, Мики Тодоров истакна дека против двајцата вработени е поднесена дисциплинска постапка.

– Против двајца затворски полицајци за бегство кое се случи од КБ Штип каде по претходно закажан операциски зафат осуденото лице неколку дена беше на болнико лекување се водат две дисциплински постапки. Припадниците против кого е поднесена дисциплинската постапка се суспендирани се до донесување на правосилна одлука, вели Тодоров.

Дисциплински мерки се поднесени и за други двајца затворски полицајци, кои непристојно се однесувале во угостителски објект за време на работа, а истото го потврди и директорот Тодоров.

-Секое неправилно работење и непочитување на работните обврски носи дисциплинска одговорност. За повреда на службена должност припадникот на затворска полиција одговара дисциплински. Во моментот во КПУ Затвот Штип се водат две одделни дисциплински постапки. Првата е за непристојно однесување на припадникот на затворска полиција при вршење на работа и работни задачи, а втората е за не извршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење извршување на работните задачи, вели Тодоров.

05.12.2022 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа