ФОТО: По Аја Софија уште една црква во Истанбул стана џамија

Уште една црква во Истанбул од музеј стана џамија/Фото EPA-EFE/SEDAT SUNA ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Како што пишува турски „Сабах“, џамијата Карие, која се наоѓа во центарот на Истанбул, по 79 години, денеска, 6 мај, официјално ќе биде отворена за верниците.

Како што е најавено, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе присуствува на церемонијата преку телеконференција од Анкара.

Православната црква Хора или црквата на Христос Спасителот во полето, изградена во IV век, била претворена во џамија во 1511 година. Таа била претворена во џамија од Атик Али-паша, еден од големите везири на Бајазит, а оттогаш работи под имињата Атик Али-пашина џамија и Карије џамија. Мозаиците и фреските, кои се сметаат за врв на византиската уметност, потоа биле покриени со слој од гипс.

Со официјална одлука на властите, на 2 август 1945 година, зградата доби статус на музеј и беше една од најпосетуваните туристички атракции од византискиот период во Истанбул, заедно со Света Софија и Цистерна Базилика.

Пред четири години, со одлука на претседателот Ердоган, таа повторно беше префрлена во надлежност на Претседателството за верски прашања. Тогаш започна реставрацијата на овој значаен историски објект за верниците повторно да се помолат во него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот