Ана Петан на „Белградска пролет“ со песна од Копров

„Балада за анѓел“ е песна на Григор Копров, со аранжман на Стефан Петановски а по текст на Душан Бачиќ, што на фестивалот „Белградска пролет“, (20 април), ќе ја пее девојка со бисерен глас, Ана Петан.

ana-petan-na-belgradska-prolet-so-pesna-od-koprov-01.jpg

Песната по многу нешта е особена, првин затоа што звучи многу моќно поради супериорниот вокал на Ана, а потоа затоа што е инспирирана од еден коментар на ју- тјуб, напишан под песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, една од омилените на Тоше Проески...

ana-petan-na-belgradska-prolet-so-pesna-od-koprov-02.jpg

Така коментарот „Када сам тужна ти си ту, кад сам среќна ти си ту, у сваком мом новом дану...“ стана рефрен на оваа балада, која потсетува на Тоше, на љубов и големи емоции.

ana-petan-na-belgradska-prolet-so-pesna-od-koprov-03.jpg

Ана е пејачка со огромен потенцијал, а овој настап е одлична можност да ја слушнат и надвор од границите: и посакуваме многу среќа и на „Белградска пролет“ и на следните летни фестивали: „Сунчане скале“, „Шибенска шансона“ и „Охрид- фест“ што годинава ќе се случува на 30 и 31 август.

Фото: Диоген Хаџи- Коста Милевски

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg