13 годишно девојче се бори за живот по падот на рингишпилот во Куршумлија

Едно дете е во кома, а три се во тешка состојба, откако седум деца се повредени при падот на рингишпилот во Куршумлија на југот на Србија, јавија локалните медиуми.

Девојчето кое е тешко повредено и е во животна опасност е префрлено во нишкиот клинички центар, потврдија за медиумите во Итната помош Куршумлија.

13-годишното девојче е во кома и неколку пати било реанимирано, а уште две деца – брат и сестра се со тешки повреди и со приватни автомобили се превезуваат во Ниш. Во болницата Прокупље згрижени се четири деца, соопштија извори на порталот Југмедија.

Полицијата излегла на местото на несреќата и извршила увид, а според неофицијални информации локалниот обвинител побарал истрага.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното