Сè за
легендарниот брод „Титаник“, кој доживеа бродолом на своето прво прекуокеанско
патување, е интересно за богатите колекционери. Неодамна, дел од дрвена врата,
користена како сценски реквизит на снимањето на „Титаник“ во 1997 година,доби
нов сопственик преку аукциската продажба организирана од „Херитиџ аукција“ и
тоа за 718.750 долари, јавуваат светските медиуми.
Како што открија
организаторите на аукцијата, тоа е дел од дрвената рамка на вратата над влезот
од прва класа во салонот.
Овој експонат
беше познат по тоа што Роуз, во филмот што ја игра Кејт Винслет, успеа да се
спаси откако потона „Титаник“.
Многумина беа
скептични со образложение дека има место само за Роуз, а не и за Џек, кој го
игра Леонардо ди Каприо, кој се жртвувал за да ја спаси својата љубов.
Делот од вратата
не е единствениот предмет од филмот што беше продаден на оваа аукција. Шифон
фустанот кој Кејт Винслет го носеше во делот на филмот е продаден за 125.000
долари, а во витрините на колекционерите имало и предмети од холивудските
филмови за славниот Индијана Џонс.