Пендаровски апелира до Ахмети и Мицкоски да не ја креваат реториката на меѓунационална тема бидејќи е експлозивна

Стево Пендаровски, кандидат за претседател, Фото: Фејсбук Пендаровски

„Значи апелирам до двете страни, немојте два-три дена пред изборите да ја кревате реториката на меѓунационалната тема, бидејќи таа е многу чувствителна, многу експлозивна. Знаете дека имавме конфликт во 2001 година, одвај се вративме, одвај се опоравивме. Не сакам која било политичка партија на темата на национализмот да добива изборен поен. Зошто? Затоа што што ќе правиме кога ќе завшрат изборите? Ова што јас го кажувам било што на која било тема како претседател во време на избори има сосем друг ефект кај луѓето на улица. Што ако некој поттикнат од моите зборови или од реакцијата на моите зборови, направи некоја беља на национална основа?“, рече Стево Пендаровски, кандидатот за втор мандат поддржан од СДСМ.

Она вчера што го видовме на митингот на ДУИ и одговорот што го чувме од главната опозициска партија е реторика што не ни е потребна во Македонија, додаде тој.

Ова денеска од митингот во Демир Хисар го порача актуелниот претседател кандидат за втор мандат Стево Пендаровски, упатувајќи апел до ДУИ и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се воздржат од засилување на реториката, како што рече, на меѓунационална основа.

„Значи апелирам до двете страни, немојте два-три дена пред изборите да ја кревате реториката на меѓунационалната тема, бидејќи таа е многу чувствителна, многу експлозивна. Знаете дека имавме конфликт во 2001 година, одвај се вративме, одвај се опоравивме. Не сакам која било политичка партија на темата на национализмот да добива изборен поен. Зошто? Затоа што што ќе правиме кога ќе завшрат изборите? Ова што јас го кажувам било што на која било тема како претседател во време на избори има сосем друг ефект кај луѓето на улица. Што ако некој поттикнат од моите зборови или од реакцијата на моите зборови, направи некоја беља на национална основа?“,

рече Пендаровски.

Според него, станува збор за искусни луѓе во политиката, кои како што рече не се вчерашни, но затоа и посочи дека апелира со разум, како што додаде, да се вратиме на она што е најбитно за економијата, како економијата и социјалната политика и борбата против корупцијата.

„Немојте да ги креваме тензиите со муабети и со чаталење кој од кого е поголем патриот. Оставете ги тие работи што било 2001 година. Тоа го гледавме, за жал имавме и жртви. Затоа уште еднаш апелирам да ја оставиме таа тема на страна. Не ни требаат тие теми. Овде сме сите во заедничка куќа, да живееме како една сложна фамилија и заеднички да си решиме проблемите. Во таа 2001 година немаше победник. Сите бевме губитници, а Македонија најголем“,

рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот