ВИДЕО: Андреј Рубљов го освои мастерс турнирот во Мадрид

Андреј Рубљов/фото: EPA-EFE/Chema Moya

После скоро три часа игра во големото финале, рускиот тенисер Андреј Рубљов дојде до титулата на мастерс турнирот во Мадрид, Шпанија. Денеска после пресврт со резултат 2:1 во сетови 4:6, 7:5 и 7:5 Рубљов го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Рубљев со освојувањето на титулата во Мадрид направи напредок за две позиции на АТП листата, па од понеделник ќе биде шестиот играч на планетата. Од друга страна, финалето донесе голем скок од 35. на 20 место за Оже-Алијасим.

Канаѓанецот многу подобро влезе во мечот, кој веќе успеа да му го одземе сервисот на противникот во првиот гем. Тоа го загрижи Рубљов, кој доживеа нов брејк во петтиот гем и Оже-Алијасим стигна до 4:1. Сепак, во следниот гем не успеа да го надмудри Русинот, кој врати еден од двата брејка. При водство од 5:3, канадскиот тенисер имаше сет поен на сервис на својот ривал, но не ја искористи, па Рубљев го продолжи сетот. На крајот Оже-Алијасим го заврши сетот со сервис гем во кој се соочи со брејк топка.

Во вториот сет финалистите беа многу посигурни во својот сервис, па до последниот гем видовме само една брејк топка. Рускиот ас не успеа да ја искористи во шестиот гем, но таква шанса не пропушти и во 12 гем и со тоа го одведе мечот во третиот, решавачки сет.

На крилата од освоениот втор сет Рубљов го отвори третиот, па освои сервис гем без загубен поен, а во следниот имаше две брејк топки кои не ги искористи. Следуваше уште еден рутински сервис игра за Русинот, а уште две пропуштени брејк можности во играта кога Канаѓанецот израмни на 2:2. Сликата не се промени ниту во следните четири гема, бидејќи Рубљов не загуби ниту еден поен на свој сервис и продолжи да пропушта брејк топки. Следните три гема поминаа без брејк топка, а потоа со водство од 6:5 Рубљов му го одзеде сервисот на противникот и со тоа ја освои титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот