logo
logo
logo

Европските берзански индекси растат, паѓа цената на златото и на суровата нафта

Vecer | 22.04.2024

Европските берзански индекси растат, паѓа цената на златото и на суровата нафта

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 17.876,50 поени, францускиот CAC 40 на 8.069,26 поени, лондонски FTSE 100 на 7.986,75 поени, а московскиот MOEX на 3.467,83 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 37.986,40 поени пред денешното отворање на берзата, додека индексот S&P 500 падна на 4.967,23 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.282,01 поени.

Според податоците од берзата, цената на суровата нафта паднала на 80.896 долари, а на нафтата од типот брент на 85.948 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продавале по цена од 30.250 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.356,52 долари за унца, а на пченицата на 5,5056 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06658, што е приближно исто како и во петокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk