ФОТО+ВИДЕО | Луда забава и торта во облик на срце: Северина го прослави 52. роденден танцувајќи на песна на Лепа Брена

Северина / Фото: Принтскрин/Тик-ток/Инстаграм

Забавно било вчера во еден популарен загрепски ресторан каде регионалната ѕвезда Северина Вучковиќ го прославила својот 52 роденден.

Северина сподели на Инстаграм неколку фотографии од прославата на која ги собрала семејството и пријателите, а направила забава за паметење.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Северина за таа прилика облекла сребрен фустан со светки.

Се чини дека сите одлично се забавувале на роденденската прослава.

На социјалната мрежа Тик-ток се прошири видеото на кое Северина на прославата танцува на песната на Лепа Брена „Коловоѓа“.

 

@_severina_vuckovic 🥳 #severina #birthday #party #zagreb #fy #fyp #viral #viralvideo #fypシ ♬ original sound – Severina


Славеничката блескала во светкавиот сребрен фустан и не ја симнувала насмевката од лицето додека ги дувала свеќите на големата торта од малини.

Пејачката која зад себе има турбулентен период, на својот профил на Инстаграм ги сподели пораките кои ги добива од своите најблиски, а најголемо внимание привлекоа емотивните зборови на нејзиниот син и нејзината мајка.

Северина го слави 52. роденден: Животот не е лесен, престанав да чекам некој да ме спаси

ВИДЕО | „Ти си најдобрата мајка на светот“: Северина доби емотивни честитки од син ѝ и од мајка ѝ за 52. роденден

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот