Ен Хјуз (71) стоела пред продавницата и чекала да се отвори, но капутот ѝ бил фатен за електричните ролетни. За неколку секунди животот ѝ се преврте наопаку, буквално!
Инцидентот го снимила безбедносна камера, а среќа е што таа не е повредена, пренесува Sky News.
Ен заврши на неколку метри од земјата и којзнае што ќе се случеше доколку продавачот не дотрчаше да ѝ помогне.
„За среќа, имам добра смисла за хумор“, изјави таа подоцна за медиумите.
Воедно објаснила дека работи како чистачка во споменатата продавница, односно дека не дошла како муштерија.
„Имав неколку падови во последните шест месеци, а лекарите мислат дека тоа е поради низок крвен притисок“, рече таа.
Ен додава дека му рекла на продавачот да ѝ ја држи главата бидејќи се плашела да не падне.
„Бев малку потресена, но важно е што не бев повредена“, заклучила таа.