ВИДЕО | Екстрадиција во и од Албанија: Вратени криминалци од Грција и Британија, испратени други во Италија и на Косово
Двајца албански криминалци кои по кривичните дела во Албанија побегнале во Велика Британија и Грција, денеска се екстрадирани во Албанија на издржување на затворските казни.
Станува збор за 34-годишниот Доналд Хоџа, осуден за убиство на поранешен офицер во 2009 година, кој е екстрадиран од Велика Британија. Хоџа се криел во Лондон, додека не бил уапсен на 17 јануари. 44-годишниот Леодин Рунго е екстрадиран од Грција, откако судот во Корча го осуди на 3,4 години затвор за производство и продажба на наркотици. Двајцата се предадени на Генералната управа на затворите за понатамошно постапување.
Операцијата ја изведе Интерпол Тирана во рамките на соработката со своите колеги, при што уште двајца албански државјани барани со меѓународни потерници за различни кривични дела се екстрадирани во Италија, а косовски криминалци фатени во Албанија се вратени на Косово.
Бледар Душкај (39) е осуден на затворска казна во траење од 7 години за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „трговија со наркотици“ од страна на Апелациониот суд во Милано уште во 2011 година. Овој албански државјанин бил дел од криминална организација која шверцувала дрога од Холандија во Италија, во периодот ноември 2007-септември 2008 година. На правосудните органи во Милано им е испорачан уште еден албански државјанин кому лани му е одреден притвор за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „трговија со наркотици. Овој државјанин во периодот 2015-2022 година бил дел од криминална група која шверцувала 35 килограми кокаин и 3,4 тони хашиш во Италија.
Двајца косовските државјани беа екстрадирани од Албанија на Косово. Едниот е уапсен во Драч во 2021 година за време на акцијата под кодно име „Бегство“ и за него имало издадено три потернци од Основниот суд во Приштина за поседување на оружје без дозвола и за разбојништво. Другиот косовски државјанин во 2022 година украл возило на државна институција во Приштина и преку граничниот премин Морина се обидел да го прокриумчари во Албанија.