Насловна / Арт и дизајн / Louis Vuitton ковчези за медалите и факелот на Олимписките игри во Париз

Louis Vuitton ковчези за медалите и факелот на Олимписките игри во Париз

Louis Vuitton ги претстави луксузните ковчези кои ќе ги заштитат двете „богатства“ на Олимписките игри во Париз, медалите и факелот.

Бидејќи не делат нешто помалку од три месеци од свеченото отворање на Олимписките игри во Париз (26 јули), Louis Vuitton, еден од најголемите поддржувачи на најголемиот светски спортски настан, ги претстави луксузните ковчези кои ќе ги заштитат медалите, но и факелот што ќе го носи олимпискиот оган.

Како специјалист за спортски „куфери“, француската модна куќа веќе обезбеди големи заштитни футроли за Светското првенство во фудбал,  Светското првенство во рагби, НБА трофејот, трофејот Ролан Гарос, Гран при на Монако Формула 1 и Златната топка, додека со Олимписките игри, уште повеќе го проширува својот асортиман на производи.

На 27 март Louis Vuitton официјално претстави два големи луксузни ковчези за два клучни елементи на Олимписките игри во Париз. Ковчезите имаат „заоблена ниша во основата и капакот за да се осигури дека факелот ќе остане на место пред и по патувањето“, се вели во соопштението на Louis Vuitton. Внатрешноста е обложена со црна мат кожа, додека надворешноста на ковчегот е украсена со меѓународно познатите потписи на брендот Louis Vuitton: платно Damier, копчи од месинг и заштитни агли.

Во текот на Олимписките игри, олимпискиот факел ќе биде запален во паркот Tuileries во Париз. Како и сите куфери на Louis Vuitton, овие специјални ковчези за Олимпијадата дизајнирани се и произведени во работилниците на Asniereѕ, инспирирани од познатите Louis Vuitton Coiffeuse ковчези. Секоја куфер има централен дел и два странични делови кои се отвораат за да се откријат фиоки специјално дизајнирани да се чуваат 468 медали.

Испрати коментар

Scroll To Top