Работниците на улица: 450 евра минимална плата во првите 100 дена од новата влада

Македонските работници, Први мај Меѓународниот ден на трудот го прославија на улица преку протест укажувајки им на властите дека не се неми за проблемите.

Овогодинешниот марш за денот на трудот  го подржаа неколку стотини граѓани, Маршот започна од пред зградата на ССМ, па преку Собранието, граѓаните се упатија кон Министерство за правда, а крајна дестинација е зградата на Владата. 

Синдикатите се тие кои се гласот на работникот кои бараат да има Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата да биде 450 евра во првите 100 дена од новата влада. 

Политичарите да го вреднуваат подеднакво нивниот и трудот на работникот кога има системско решение за 78% повисока плата за нив да има системско решение и за работникот. 

Како и во повеќето земји од светот и кај нас денешниот ден е прогласен за државен празник.