logo
logo
logo

Путин: Русија и Кина не создаваат воен сојуз

Vecer | 26.03.2023

Путин: Русија и Кина не создаваат воен сојуз

Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг го потврдија своето пријателство и ветија дека ќе воспостават поблиски врски на самитот во Москва претходно оваа недела, додека Русија се обидува да напредува во, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ во Украина.

- Не основаме никаков воен сојуз со Кина. Да, ние соработуваме на полето на воено-техничката интеракција. Не го криеме тоа. Сè е транспарентно, нема ништо тајно, додаде Путин.

Рускиот претседател исто така рече дека западните сили се обидуваат да создадат повеќе глобални сојузи, обвинувајќи ги САД и НАТО дека почнале да градат нова „оска“ слична на сојузот од Втората светска војна меѓу Германија, Италија и Јапонија.

-Затоа западните аналитичари зборуваат за фактот дека Западот почнува да гради нова оска слична на онаа што во 1930-тите ја создадоа фашистичките режими на Германија и Италија и милитаристичка Јапонија, оцени Путин. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk