Концертот на „Парни ваљак“ во Скопје се преместува наесен, „Авалон“ го објави новиот датум

Фото: Фејсбук/„Парни ваљак“

Хрватската музичка група „Парни ваљак“ ќе го премести закажаниот концерт во Скопје, кој требаше да се одржи на 18 мај во СЦ Јане Сандански.

Како што известуваат од продукцијата „Авалон“, кои се организатори на овој настан, причината за оваа промена се најавените реновации во спортскиот центар и не е загарантирано дека салата ќе биде во состојба за одржување на концертот.

Новиот датум за одржување на концертот е 30. ноември.

„Очигледно судбината сакала есен да е право време за концерт на Парни Ваљак во Скопје“, велат од „Авалон“.

Сите оние кои имаат набавено влезници за 18 мај, ќе можат истите да ги искористат за концертот на 30 ноември.

Оние кои имаат купено влезници онлајн и не се во можност да присуствуваат на новиот датум, можат да испратат барање за рефундација на влезниците на [email protected]., додека оние кои имаат купено влезници од некое од продажните места, потребно е да се обратат во истите за рефундација на средствата.

Фото: Промо

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот