30 Април, 2024
0.0290

ЕКСТРЕМНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД СРЕДА: Обилни врнежи од дожд, снег и силен ветер, детална анализа за Македонија

Објавено во: Македонија 13 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Топлото и пријатно време ќе се задржи до вторник, проследено со летни температури на воздухот, но и суво и претежно сончево време. Како што најавуваат синоптичарите, деновиве температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во недела, како и во понеделник во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле да надминат  и 30 степени.

- Веќе од среда, па се до крајот на следната недела под влијаните на силен и ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, во Македонија очекуваме нагла, и екстремна промена на времето. Ќе има обилни врнежи од дожд, а температурите ќе значително ќе опаднат. Во одредени региони дури и за повеќе од 15 степени во споредба со сегашните. Поради заладувањето, на планините над 1300 – 1400 метри ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка - објави метеопрогнозерот Славчо Попоски.


Како што потенцира, температурите од среда, а особено од четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, се работи за максимални дневни температури на воздухот.

-м Кон крајот на следната седмица и во Македонија ќе има услови за појава на утрински мразеви, особено на повисоките места и на планините.

Да напоменеме дека поради тоа што ладниот атмосферски фронт кој ќе пристигне на загреана и топла атмосфера, локално ќе се развијат и грметевични облаци (нестабилна атмосфера) од која се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, грмежи, а можна е и појава на град, локално во форма на невреме - потенцира Попоски.

Ова особено лошо ќе се одрази кај метеопатите, но поради тоа што се работи за екстремна и нагла промена на времето, а здравствени проблеми можни се  и кај повеќето граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање