Конститутивна седница на Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции

На денешната конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Македонија (НАТТА) избрани се органите и формите на делување.

Основањето на Национална асоцијација, соопштија од од Стопанската комора на Македонија, ќе придонесе за организирано дејствување преку редовни годишни состаноци на кои ќе се дебатира за тековни прашања и ќе се креираат долгорочни политики и стратегии со што ќе се постави како најавторитетна професионална структура, претставник на македонските агенции и туроператори која ќе заземе активно учество во меѓународните асоцијации од овој тип.

Во услови на препознавање на туризмот како брзо растечка дејност, но и дејност која во нормални услови (пред корона кризата и последните случување во светската економија), се наведува во соопштението, може да обезбеди брз раст и значаен придонес во домашната економија, како и фактот што дејноста врзува раст на други 15 дејности истовремено, во услови на зголемен број на туроператори и туристички агенции кои работат, а кои се многу силно погодени по кризата со корона вирусот, се наметнува потребата од асоцијативно делување на компаниите од дејноста на туристички агенции и туроператори.

- Мисијата на НАТТА е да помогне во создавање на потребните услови за развој на модерна, конкурентна, општествено одговорна и одржлива туристичка индустрија, поставена на професионална основа во која членките ќе ги уживаат придобивките од членството преку компетентна и практична помош при решавање на проблеми од дејноста и добивање соодветна заштита на нивните интереси пред, владата и другите институции. Ова пред се поради фактот што и во рамки на КИФ, се поинтензивно се работи на дефинирање заеднички туристички активности, тури, настани, што ќе овозможи здружено претставување и заштита на интересите и правата на компаниите од туроператорска и агенциска дејност пред институциите и Владата. Конституирањето на НАТТА ќе овозможи соработка со меѓународни асоцијации, чекор со меѓународните трендови и технологии во дејноста, рамноправен и конкурентен однос спрема компаниите од соседството и европските држави и зголемено присуство на македонските туристички агенции на меѓународниот пазар на туризмот, се појаснува во соопштението.

На седницата согласно Правилата за работа на Асоцијацијата, е усвоен предлогот за членови на Управен одбор во состав Асим Меџедовиќ, туристичка агенција „Фибула“, Кристијан Џамбазовски од туристичка агенција „Бохемија” и хотел „Амбасадор“, Александар Кузманоски, туристичка агенција „Симониум травел“, Тихомир Пиневски туристичка агенција „Пине Холидејс“, Ана Таневска Ѓорѓиевска, „Македонијатурист“ АД Скопје, со мандат од четири години.

Од составот на Управниот одбор за претседател на НАТТА е избран Асим Меџедовиќ, а за потпретседател на НАТТА Кристијан Џамбазовски.

Претседателот на Управниот одбор ќе управува со активностите на Управниот одбор и ќе ја претставува Асоцијацијата пред државните институции, советодавните и стручните совети, другите национални и меѓународни организации.

На конститутивната седница сеа формирани четири стручни работни одбори за кои се избрани претседавачи и тоа: одбор за рециптивен (outgoing) туризам со кој ќе раководи Асим Меџедовиќ од туристичка агенција „Фибула“, одбор за иницијативен (incoming) туризам за кој е одговорен Александар Кузмановски од туристичка агенција „Симониум травел“, одбор за конгресен (mice) туризам под коориднација на Ана Таневска Ѓорѓиевска од „Македонијатурист” АД Скопје, и одбор за сообраќај, младински туризам и екскурзии, со кој ќе раководи Тихомир Пиневски од туристичка агенција „Пине Холидејс”.

- Со ова конечно туристичките агенции ќе се стекнат со адреса за обраќање каде ќе добијат соодветна поддршка од високопрофесионална и активна членска мрежа на туристички агенции, која ќе работи на принципот на лојална конкуренција со цел за континуирано подобрување на условите за работа во туристичката и агентска дејност како и подигање на стандардот на услугите и зголемување на конкурентноста на дестинацијата на меѓународниот пазар на туризмот, стои во соопштението од Стопанската комора на Македонија.

Инаку, Меџедовиќ и Џамбазовски, како претседател и потпретседател на НАТТА се и членови во Националниот совет за извоз формиран во Комората, со кој претседава претседателот на СКСМ Бранко Азески, кој ќе биде главен механизам за јавно-приватен дијалог каде ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и поддршка на извозот, а во кој членуваат и претставници на Владата, владини институции и тела, органи на државната управа кои имаат надлежности и вршат активности поврзани со извозот и претставници од различни извозно ориентирани сектори /компаниите. /МИА

На три европски банки во Русија ќе им биде одземен имотот

 Русија ќе го заплени имот на трите европски банки „Дојче банк“ (Deutsche Bank), „Комерцбанк“ (Komercbank) и „УниКредит“ (UniCredit). Тие ќе останат без речиси една милијарда евра имот во Русија.

Како официјална причина за заплената на имотот на трите банки се наведува тоа што се повлекле од финансирањето на постројка за преработка на гас во руското пристаниште Уст-Луга на Балтичко Море.

Според судските документи во Санкт Петербург, на „Дојче банк“ и се одземаат хартии од вредност, недвижен имот и средства во износ до 238 милиони евра, вклучувајќи го и имотот на банката и нејзината филијала во Русија.

Додека на „Комерцбанк“ и е запленет имот во вредност од 93,7 милиони евра, хартии од вредност и зградата на банката во центарот на Москва.

Додека на „УниКредит“ запленет и е имот во висина од 463 милиони евра.

Постројката за преработка на гас не се изгради поради санкциите од западните земји кон Русија воведени поради војната против Украина. Како одговор на санкциите Русија заплени имот на голем број западни компании и инсталираше нов менаџмент во руските подружници.

Компаниите кои се повлекуваат од Русија се принудени да ги продаваат своите деловни проекти на руски компании по драстично ниски цени. Често за нив симболично се плаќа само една рубља. /МИА

Во живо

последно ажурирање пред 20 минути

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.

пред 20 минути18:27

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран.

Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси се враќаше од Азербејџан, каде присуствуваше на отворање на брана со азербејџанскиот Илхам Алиев.

Неименуван ирански претставник за западните медиуми изјави дека хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан се урна додека летал над планинска област во иранската провинција Источен Азербејџан, изјави.

Тој истакна дека „животите на Раиси и Амирабдолахиан „се загрозени по хеликоптерската несреќа“.

- Сè уште се надеваме, но информациите кои ни доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки, наведе неименуваниот ирански претставник.

Како што јави ИРНА, повеќе од дваесет целосно опремени тимови за пребарување и спасување, вклучително беспилотни летала и кучиња трагачи, се испратени во областа. Иранските вооружени сили распоредија командоси и специјални сили за да помогнат во операцијата за пребарување.

Поради нерамниот терен на регионот и тешките временски услови, особено густата магла во областа, операцијата за пребарување и спасување би можела да потрае некое време.

Портпаролот на Иранската служба за итни случаи изјави дека осум амбулантни возила се испратени во регионот.

пред 20 минути17:20

Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.

Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Заврши истрагата за сите инволвирани во убиствата на Вања и Панче, освен за Палчо

Истрагата за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски е завршена за сите осомничени освен за првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо.

Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои се осомничени за кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски осомничен за помагање при грабнување и уште едно лице осомничено за помагање по извршеното кривично дело, го добиле известувањето од обвинителството за завршена истрага. За нив тече рокот од 15 дена во кои можат да предлагаат дополнителни докази или сослушувања на сведоци.

За Палевски се уште се преземаат истражни дејствија. Откако беше екстрадиран во земјава, тој првин треба да даде исказ. Кога тоа ќе се случи нема прецизна информација.

-Минатата недела информиравме дека финишира истрагата за притворените, но не и за екстрадираното лице. Осомничениот допрва ќе дава исказ и за него се уште се преземаат истражни дејствија,велат кратко од скопското обвинителство.

Засега е извесно дека во текот на следната недела Палевски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд за да се изјасни за притворот кој му беше определен во отсуство.

Од она што засега е познато и како информација беше споделено со јавноста од страна на истражните органи, Палевски на 27 ноември лани им давал насоки на Кешишов, Манев и Видевски, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски да ја грабнат Вања од зградата. Сознанијата за нејзиното излегување ги имале од нејзиниот татко. Откако ја киднапирале и ставиле во автомобил, по пат им се приклучил и Палевски и заедно се упатиле кон Бразда каде е извршено убиството. Палевски потоа беше во бегство во Турција, а тројцата соизвршители кои на 6 декември беа уапсени признаа вина.

притисни ентер