• Саше Љолес

После одличниот настап на Фјучрс турнирот во Марибор, Лина Ѓорческа забележа неуспешно отворање на силниот W75 турнир во словенечката Мурска Собота и загуби во првото коло од Французинката Мано Леонар со 2-1, по сетови 6-7/4, 7-5 и 2-6.
Мечот траеше два часа и 49 минути, а нашата Лина имаше проблеми уште на почетокот кога ривалката поведе со 3-0 во гемови. Македонката возврати, успеа да внесе неизвесност, но сепак Леонар го заокружи првиот сет во своја полза.
Во вториот сет исто така беше видена голема борба, а третиот комплетно ѝ припадна на Французинката, која на крајот впиша заслужен триумф. Ѓорческа освои 29 ВТА поени од претходниот турнир во Марибор, а следната недела ќе настапи во францускиот Нант.
Оваа недела настап на W15 турнирот во Шарм Ел Шеик имаше и Магдалена Стоилковска, која не успеа да се пласира во главната рунда откако загуби во квалификациите од Русинката Марија Шмакова со 2-0, по сетови 6-2 и 6-2.
Двете тенисерки ќе бидат придружувани од Ана Митевска и Јана Божиновска, кои се пријавени за настап во Били Џин Кинг купот. Оваа година домаќин ќе биде кипарскиот град, Ларнака. Нашите девојки се натпреваруваат во втората Евро-африканска зона.