ВИДЕО: Организиран дочек на кинескиот претседател, колапс во Белград, метеж пред Палата Србија

Кинескиот претседател пристигнува во Белград/фото: ЕПА

Во палатата Србија започна собирот на граѓани за пречек на кинескиот претседател Си Џинпинг. Бранковиот мост е блокиран и ќе го надлетуваат хеликоптери, пренесе Данас.

фото: НОВА

Кинескиот лидер беше пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ , а по повод оваа важна посета се беше организирано на највисоко ниво. Авионот на кинескиот претседател беше придружуван од ловци МиГ-29 од моментот кога влезе во воздушниот простор на Србија, а на белградскиот аеродром во негова чест беа построени гардата на војската на Србија и фолклорен ансамбл.

Кинескиот претседател пристигнува во Белград/фото: ЕПА

Си Џинпинг синоќа пристигна во Белград, а за неговата безбедност се одговорни речиси седум илјади полицајци.

Кинескиот претседател пристигнува во Белград/фото: ЕПА

По церемонијата на пречекот, предвиден е разговор меѓу двајцата претседатели, а потоа пленарна средба на делегациите на Србија и Кина, потпишување на заедничка изјава и размена на потпишани билатерални документи и договори.

Кинескиот претседател пристигнува во Белград/фото: ЕПА

Кинеската делегација брои околу 400 членови, а за време на посетата се планира да бидат потпишани над 30 договори. Посетата на Кси Џинпинг на Србија е втора во последните осум години.

Кинескиот претседател пристигнува во Белград/фото: ЕПА

Во 10 часот ќе се одржи и свечениот пречек во Палата Србија. Граѓаните веќе се собираат, се слуша кинеска музика, и има премногу метеж, јавуваат српските медиуми.

Погледнете го видеото тука. 

Си за време на посетата на Белград ќе се вози во својот автомобил „Хонгки седан“ . Овој рачно изработен луксузен автомобил, со кодно име N701 , чини 700.000 долари, направен е од ракетен оклоп, отпорен на куршуми, а содржи и систем кој штити од хемиско и биолошко оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот