Програма на КСП Центар-Јадро за февруари 2024

06.02.2024 09:58
Програма на КСП Центар-Јадро за февруари 2024

КСП Центар Јадро започнува со февруарската програма во која централно место имаат проектите за социјално-ангажирана уметност во рамки на проектот „Артс Хаб”, и тоа:

  • „Драгославија 2024” - проект на уметниците Дарио Дончевски, Тодор Tрпевски и Зорица Зафировска
  • „Одржливи заедници” - проект на уметникот Никола Узуновски
  • „Вештини за оживување” - на уметницата Клелија Живковиќ
  • „Кадри на ранливост” - на уметниците Наташа Неделкова, Амир Карахасан и Миле Неделков
  • „Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје”- проект на уметникот Озбек Ајваз

Покрај почетокот на овие проекти, чии активности ќе се одвуваат и во просториите на Центарот, февруари во КСП Центар Јадро започнува со работилница за пишување и читање љубовни писма „Помеѓу две страници нежно” развиена од визуелнот уметник Дарко Алексовски.

На 8 февруари (четврток) во 20 часот се отвара самостојната изложба на акварели на Елизабета Костова насловена „Градски импресии”.

Проектот „Артс Хаб” ќе се реализира со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

Извор: https://centarjadro.mk/