Борусија Дортмунд го пречекува ПСЖ во првиот меч од полуфиналето во ЛШ

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Фудбалерите на Борусија денеска во Дортмунд од 21.00 часот за ривал го имаат ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналет во Лигата на шампионите.

Борусија и ПСЖ оваа сезона веќе одиграа два дуели во групната фаза на ЛШ. ПСЖ на домашен терен победи со 2:0, додека во Дортмунд беше 1:1.

Главен судија на вечерашниот меч е Англичанецот Ентони Тејлор, а помошници ќе му бидат Гери Бесвик и Адам Нан.

Клубот од Париз ја елиминираше Барселона во четвртфиналето од ЛШ, додека Борусија во два меча беше подобра од Атлетико Мадрид.

ПСЖ на три кола пред крајот на првенството обезбеди нова титула во францускиот шампионат, додека Борусија е на петтото место на табелата во Бундес лигата со 57 бодови.

Реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Борусија ќе се одигра на 7 мај во Париз.

ВИДЕО | Без победник во првата полуфинална битка на Баерн и Реал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот