Рецепт на денот: Тестенини со пилешко и печурки

Многу вкусно јадење кое брзо се подготвува.

Состојки:

– 300 гр тестенини

- главица кромид

– 250 гр печурки

- 4 пилешки батаци (без кожа и коски)

– шолја рендан пармезан

- маслиново масло

– 200 мл крем за готвење

– 1 чаша бело вино

– 750 мл пилешки супа

– 1 чешне лук

Подготовка:

Лукот и црвениот кромид исчистете ги и ситно исечкајте ги. Потоа исчистете ги и излупете ги печурките и исечете ги на четвртинки.

Исечете го пилешкото на парчиња со големина на залак и испржете го во сад за рерна со малку екстра девствено маслиново масло.

Кога е готово, извадете го. Додадете уште малку масло и пржете ги ситно исечканиот кромид и лукот во истиот сад во кој сте го печеле пилешкото.

Посолете малку, па додадете чаша бело вино и оставете да испари алкохолот. Гответе околу пет минути.

Додадете ги печурките и гответе уште неколку минути. Потоа додадете го кремот за готвење, пилешката супа и зачините по желба и оставете го јадењето полека да се готви.

Кога ќе почне да врие, додадете ги тестенините. Гответе околу 10 до 12 минути. После тоа додадете го ренданиот пармезан и полека мешајте да се растопи сè, па сосот ќе се згусне.

Тргнете го од оган и оставете го да отстои околу пет минути. Додадете го пилешкото и измешајте да се соедини.

Послужете ги топли посипани со рендан пармезан и свежо сечкан магдонос или власец.

Добар апетит!

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Рецепти

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе