Одговорот на Ford за Jeep Wrangler ќе биде достапен за европските купувачи со комбинација од 4-цилиндерски и 6-цилиндерски бензински мотори.

Според најновите планови на американската автомобилска компанија Ford, една од американските автомобилски икони ќе биде достапна за купувачите во неколку европски земји за прв пат од пролетта следната година, а Ford ќе ја понуди шестата генерација од својот одговор на Jeep Wrangler во комбинација со бензински мотори со четири и шест цилиндри.

Основниот Bronco прилагоден на европските пазари ќе го придвижува познатиот 2.3-литарски 4-цилиндерски турбо бензински мотор (EcoBoost) кој ќе развива околу 300 коњски сили, а во опцијата ќе има и 2.7-литарски турбо бензинска V6 опција со кој едно од најпознатите имиња во светот на теренските возила би требало да го придвижуваат 330 „коњи“.

Неофицијално, 3-литарскиот V6 турбобензинец (Raptor) нема да се нуди поради европските стандарди за издувни гасови кои се построги од оние во Северна Америка.

Се споменува дека основната верзија во Германија ќе чини околу 60.000 евра, а Ford смета дека Bronco, кој се нуди во комбинација со пократка каросерија со 3 врати и подолга каросерија со 5 врати, ќе привлече значителен број клиенти кои до сега беа заинтересирани за „hardcore“ теренците понудени од Jeep (Wrangler) и Land Rover (Defender).