Насловна / Вести / Boeing 737 претворен во луксузна вила на Бали

Boeing 737 претворен во луксузна вила на Бали

На прекрасна локација над плажата Nyang  Nyang на Бали, на височина од 150 метри, стои необично здание кое некогаш било Boeing 737. Оваа градба позната како „Приватна авио вила“ (The Private Jet Villa), е трансформирана од функционален авион во луксузен простор, вклучувајќи и спална соба со џакузи наместо пилотска кабина.

Проектот за преуредување на авионот во резиденцијален објект е реализиран од страна на Geometrium Studio. Авионот, кој претходно бил во редовна употреба во Индонезија, после повлекувањето е транспортиран на ова тешко достапно место и потоа е темелно реновиран.  Посебно дизајнираниот мебел е прилагоден на закривените ѕидови, а светлите бои и природни материјали како дрво и бетон се користени за визуелно проширување на просторот. Заоблените облици дискретно се интегрирани во внатрешниот декор, одржувајќи го обликот на трупот н аавионот, вклучувајќи ги и деталите во бањата и останатите помали внатрешни елементи. Огледалата се поставени така што визуелно го зглемуваат просторот, а природната светлина е зајакната со дополнителни прозорци. Покрај авионот се наоѓа и базен, а има и простор за палење оган.

Испрати коментар

Scroll To Top