Австралискиот Сенат ја одобри забраната на социјалните мрежи за децата под 16 години

28. 11. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралискиот Сенат ја одобри забраната на социјалните мрежи за децата под 16 години

Забраната која се очекува да стапи на сила следната година, може да доведе до строго санкционирање на технолошките компании и до 32 милиони долари, доколку не се придржуваат на законот. Децата кои ќе најдат начини да ги прекршат правилата, сепак, нема да се соочат со казни. Законот засега не прецизира кои платформи ќе бидат забранети, а Би-Би-Си пишува дека ју-туб најверојатно ќе биде поштеден од забраната.

 Австралискиот премиерот Ентони Албанес кажа дека неопходно е донесувањето на законот со цел за да се заштитат младите од „штетите“ на социјалните медиуми, нешто што било став на многу родители.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата