Арсовски за ТВ 24: Големите етаблирани партии имаа милионски износи во евра за водење на кампањата

Павле Арсовски од ЗНАМ во емисијата 24 Отворено рече дека тие се нова пова политичка партија и се уште се во избор на нивната партиска инфраструктура, но рејтинзите покажуваат енормен раст на ЗНАМ.

- Вчерашните резултати покажаа дека граѓаните се одважија да дадат поддршка на нешто ново на политичката сцена во Македонија. Ако ги анализираме состојбите како се водеше кампањата, која беше фер и коректна, но нерамноправна за сите претседателски кандидати. Големите етаблирани партии имаа милионски износи во евра за водење на кампањата, а нив како нова непарламентарна партија имавме само 3% од тие сретства. И покрај тоа успеавме да се доближиме до граѓаните и да ја презентираме нашата програма. - рече Арсовски.