Јакимовски за уставните измени: ВМРО-ДПМНЕ спрема предавство

Да престане со нечесното играње кон Македонците и да престане да се третираат како монета за поткусурување, порача од Струга претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Тој забележа дека „лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски го лаже народот во врска со промената на Уставот, односно дека ќе поддржи промена со одложено дејство на важење кога ќе влеземе во Европската унија“.

„И практично кога ги анализираме двете главни политички партии СДСМ е спремен да предаде и тоа веднаш и не се крие за предавството, меѓутоа проблемот кај ВМРО – ДПМНЕ е што сакаат тоа да го скријат од народот, односно да го излажат народот и да дојдат да го направат тоа предавство по завршувањето на парламентарните избори“, рече Јакимовски.

Според него, на овие избори македонското гласачко тело треба да одлучи да не гласа за оној што е подготвен да ги предаде, како што рече, да го отвори Уставот, потоа во Уставот да се бира претседател во Парламентот, практично да биде претседателот резултат на уцени и партиско политички пазарења.

„Исто така да се направи граѓански устав, со кој ние Македонците од единственото место каде што постои во некој документ, а тоа е Уставот на Република Македонија, ќе бидеме избришани и каде што практично ќе се прифатат сите оние барања на бугарската држава, а тоа дека сме нација од 1944 година, дека нашиот јазик е бугарски и дека нашите историски личности се по род Бугари. Токму затоа мислам дека на овие избори ваквите партии треба да бидат казнети, граѓаните треба да донесат вистинска одлука, односно да дадат поддршка на оние што ќе ги штитат националните интереси особено на Македонците во Република Македонија“, истакна Јакимовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот