logo
logo
logo

Стекна СВЕТСКА СЛАВА, доживеа НЕРВЕН СЛОМ на сцена, па исчезна без трага! Вака изгледа пејачката сега

Vecer | 02.07.2022

Стекна СВЕТСКА СЛАВА, доживеа НЕРВЕН СЛОМ на сцена, па исчезна без трага! Вака изгледа пејачката сега

Фуртадо е родена на 2 декември 1978 година во градот Викторија, Британска Колумбија (една од десетте канадски провинции). Нејзините родители, Антонио Хозе Фуртадо и Марија Мануела Фуртадо се од островот Св. Мигел (Азори), но во доцните 1960-ти морале да емигрираат во Канада. Пејачката Нели Фуртадо често го истакнувала своето португалско потекло, а на овој јазик почнала да пее дури на четири години. Светската слава ја стекна со хитовите од раните 2000-ти кои сè уште носталгично се вртат на многу индивидуални плејлисти - „I'm Like A Bird“, „Promiscuous“ и легендарниот „Maneater“. Меѓутоа, откако повеќе од пет години ја држеше завидната позиција на светски позната пејачка и откако беше блиску до врвот на сите музички топ листи, таа одеднаш исчезна „преку ноќ“.

Зошто испари преку ноќ?

Канадската пејачка ја напушти музичката кариера, но и светската слава, бидејќи, како што вели, во 2006 година доживеала нервен слом.

„Имав нервен слом на сцената“, изјави таа подоцна за Дејли меил во 2017 година. „Бев на турнејата „Loose“ со ќерка ми. Бев, во исто време, мајка и пејачка на пат“, додаде таа.

Потоа за време на еден настап на турнејата излегла на сцената и сфатила дека е под голем стрес, а притисокот бил преголем. „Всушност плачев додека пеев две песни. Тогаш решив дека ќе се одморам од музиката и ќе се вратам дома. Дури кога влегов во мојот дом сфатив дека моето семејство е сè што ми треба“, изјави во интервју за Дејли меил во 2017 година.

 

 

Истакнала дека „пукала превисоко“, и дека не сфаќала со колкав стрес се справува. Признала дека едноставно повеќе не можела да го издржи притисокот на славата и потенцијално блескавата кариера.

„Беше премногу за толку кратко време“, додавајќи: „По две години интензивни турнеи и концерти, поминував часови во мојот дом во Лос Анџелес, зјапајќи во подот“.

Истата година, кога даде интервју за Дејли меил, во 2017 година го издаде својот соло албум „The Ride“, но не помина најдобро. Успеа да продаде само 1.814 примероци низ Америка.

 

 

Каде е сега Нели Фуртадо?

Откако неуспешно се обиде да се врати на музичката сцена со албумот „The Ride“, канадската пејачка набрзо сфати дека повеќе не плива во музички води, поточно, во новите трендови и дека не сака да го промени личниот израз. заради потенцијалната слава. Одлучила да основа своја издавачка куќа бидејќи, како што вели, сака да им помогне на младите уметници да ги имаат сите права на своите песни.

По тој повод за магазинот Форбс“ изјавила дека е задоволна од конечниот исход на нејзината професионална кариера.

„Моментот кога основав сопствена издавачка куќа беше клучен за мене, бидејќи конечно се почувствував како да ги поседувам моите песни“, заклучила таа.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk